За нас
Нашата компанија Alpar Turizm е основана на 1ви Април 1972 година. Таа примарно нуди комфортно патување со автобуски превоз до Бугарија, Македонија, Косово, Грција, Албанија, Босна, Црна Гора, и Азербејџан.
Domino Line е основана на 24ти Ноември 2009 година во Скопје, Македонија, и таа е сестра компанија на Alpar, која нуди автобуски превози до Истанбул и Хрватска.
Нашата Domino Line визија:
Да останеме доверлива компанија за автобуски превоз која нуди високо квалитетна услуга за сите патници и секогаш да бидеме нивниот прв избор. Потребите на нашите патници и комфортот при патување е нашиот приотиет.
Наша Domino Line мисија:
– Безбедни патувања со удобно и комотно возење.
– Константно подобрување на нашите производи и услуги за да им го понудиме најдоброто на нашите патници.
– Зголемување на уделот на пазарот со зголемување на бројот на патници.
– Подржување на сите државни проекти во сектори како здравје, образование и уметност и со тоа да ја зголемиме нашата способност на пазарот.